Болницата “Плодност“ од Битола го одбележа Светскиот ден за борба против ракот – глобална иницијатива што ја нагласува важноста на раната дијагноза, пристапот до современа грижа и поддршката за сите кои се соочуваат со оваа битка.
Оваа година, под мотото „Обединети во уникатноста“ #UnitedByUnique се истакнува значењето на индивидуалните приказни на пациентите и нашата заедничка борба за подобра грижа.
Сведоштвото на нашата пациентка, која успеа да го зачува своето репродуктивно здравје и да стане мајка по успешен третман на оваријален карцином е доказ за моќта на раната дијагноза, напредните медицински технологии и персонализираниот пристап.
Да се потсетиме дека секоја приказна е уникатна, но заедно сме обединети во нашата цел да обезбедиме најдобра можна грижа и поддршка.
Раната дијагноза спасува животи!






