Скијачкиот клуб Пелистер од Битола заедно со скијачката федерација на Македониа се подготвени за утрешниот Алпски куп на Македонија 2025, наменет за нашите најмлади скијачки надежи, на кој ќе настапат скијачи од сите клубови од државата.
Алпскиот куп ќе се одржи на ски- патеката “Копанки“ кај ски-лифтот, а падините на прекрасниот Пелистер се целосно подготвени. Купот ќе се “вози“ на 7 и 8 февруари, а ќе има трки во слалом и велеслалом.
Младите натпреварувачи ќе имаат можност да ги покажат своите вештини и спортски дух. Ова е уште една одлична можност за промоција на младинскиот скијачки спорт во Македонија.
https://www.facebook.com/skiclubpelister/videos/601259895866777










