Денес, директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Емилија Стефановска Давкова им подели енциклопедии и ваучери за бесплатно членство во нашата Библиотека на учениците Емрулах Емруловски, Давор Ванчовски и Марко Пердуловски, како признание за нивната хуманост.
-Тројцата наши мали сограѓани покажаа вистинска добрина кога на улица му пружија помош на беспомошно лице. Овој чин на сочувство е потврда за вредностите кои се учат и негуваат во нашето општество. Нивниот пример ни покажува дека малите дела на добрина можат да имаат големо влијание на заедницата, порачаа од Библиотеката.
ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола им помогна на дечињата при новниот хуман гест со давање за насоките и поддршка, помагајќи им да знаат како да постапат во такви ситуации. Учиме од најмладите! Нивната хуманост не познава граници!

Емрулах, Давор и Марко добија мали награди за нивното големо хумано дело од Библиотеката
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“





