Градоначалникот на општина Битола – Тони Коњановски, денес организираше прием на ракометарите од РК Еурофарм Пелистер од Битола кои беа дел од македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет, кое се одржа од 14 јануари до 2 февруари во Хрватска, Данска и Норвешка.
На средбата, градоначалникот Коњановски, им се заблагодари за добрата ракометна игра со која како репрезентативци ја претставуваа Македонија, со што и го потврдија спортскиот напредок на ракометна Битола.
Градоначалникот Коњановски, им додели плакети за особен придонес во ракометната репрезентација на Македонија на светското првенство во ракомет 2025 година на ракометарите: Филип Кузмановски, Петар Атанасијевиќ, Павле Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Ненад Костески и Никола Митревски, а изрази јавна благодарност и до битолските ракометари Иван Галевски и Валентин Карасманакис, кои се дел од екипата на РК Алкалоид.
-Битола има голем спортски потенцијал, но и значајни ракометни успеси. Ви благодарам, што бевте дел од една силна екипа, која со својата храброст и тактичност се избори за пласман на Светското првенство, деветто во нашата историја. Вие сте наша гордост, а Вашите достигнувања се резултат на долга и напорна работа, рече градоначалникот Коњановски на денешната средба.
Ракометарите, пренесувајќи ги своите искуства од првенството, се заблагодарија за поддршката од градоначалникот и соработката со Општината.

Градоначалникот Коњановски на прием на “пелистерци“ кои беа дел од репрезентацијата им додели плакети
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- Фото вест: Каменица вечерва навиваше во Битола, а пред 10 години беше тренер на Пелистер на дербито против Еурофарм Работник
- Фото вест: Некои пријателства остануваат, Абутовиќ се поздрави со пола трибина
- Партизан не се прослави во Битола, Еурофарм Пелистер со убедлива победа, Кузмановски со 15 гола (фотогалерија)
- Червар пред денешниот напревар со Партизан: работиме за да бидеме подобри од вчера









