Press "Enter" to skip to content

Ненад Трајковски, тренер на КК Пелистер: Сигурен сум дека доаѓаат подобри денови

Ненад Трајковиќ дојде во Битола на чело на Пелистер во текот на минатиот месец, резултатите на почетокот под водство на српскиот стратег не се на посакуваното ниво, но искусниот стручњак јасно става до знаење дека е оптимист за иднината на Пелистер, верувајќи дека тимот наскоро ќе почне да покажува партии какви што се очекуваат од трикратниот вицешампион на Македонија, и какви што очекува публиката во Битола .

-Овде сум веќе половина месец и се уште го запознавам тимот, ја запознавам македонската кошарка. Не е тоа така лесно, да се влезе во корен, не само на квалитетот, туку и на психологијата на играчите. Работиме по пет часа дневно, гледајќи видео-анализи и тренирајќи, се навикнуваме и тие на мене и јас на нив, она што е најважно – јас сум задоволен од нивниот ангажман.

Единствено што недостига е она најважното – резултатите. Се бараат само победи, јасно ми е дека никој никого не прашува дали некој бил повреден болен или за некои други околности, се бараат победи без никакво оправдување.

-Јас можам да кажам дека ќе дојде и тоа, дека сигурно доаѓаат подобри денови за Пелистер. Ќе се обидеме да го покажеме тоа и на следниот куп-турнир. Македонската кошарка се движи во нагорна линија, од година во година има се поквалитетни странци како и домашни играчи. Нема да ни биде лесно да стигнеме до трофејот што го посакуваме во оваа ситуција, Она што за мене како тренер е најважно е играчите да дадат 120% од своите можности и да ги изненадат екипите кои во моментов важат за главни фаворити“, вели Трајковиќ.

Србинот има само пофални зборови за организациската поставеност на клубот, што според него е предуслов за уште подобра иднина на КК Пелистер.

-Пелистер е на добар пат да стане стабилен и голем клуб, стабилен под број еден бидејќи имаме спонзор кој навистина се грижи за сите детали од логистички карактер. Сметам дека со начинот на кој функционира клубот, мора да постои и поголем респект од федерацијата кон КК Пелистер. Со оглед на она што го видов од првиот ден на моето доаѓање, со оглед на сето искутво што го поседувам, можам да кажам дека сум презадоволен од условите кои ги имам за работа, од слободата за одлучување и сигурно сите даваме се од себе за да го изведеме овој брод на вистинскиот пат, истакнува за крај Ненад Трајковиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »