Press "Enter" to skip to content

Александар Цветановски избран за нов претседател на ПОДЕМ во Битола (фото)

На изборното редовно собрание на основната организација на ПОДЕМ во Битола, кое се одржа денес во кино “Манаки“ во Битола едногласно за нов претседател е избран Александар Цветановски, кој досега ја извршуваше оваа функција како в.д. претседател.На редовното изборно собрание присуствуваше претседателот на партијата ПОДЕМ – проф, д-р Живко Јанкуловски и заменик министерот за финансии проф. д-р Николче Јанкуловски, директорот на Агенцијат за поттикнување на развојот за земјоделство – Битола -Пеце Стојковски, членови на партијата и симпатизари…Пред почетокот на изборниот процес на присутните, Цветановски, им даде отчет за неговите активности како в.д. општински претседател и рече:-Со заеднички сили постигнавме ОО на  ПОДЕМ Битола да биде најголемата општинска организација на ПОДЕМ во целата земја по сите параметри, како по број на членови така и по број на активности па конечно и по број на избрани и именувани функционери на локално ниво. ПОДЕМ Битола беше домакин на 4. Конгрес кој собра близу 600 делегати од сите општински организации. Во континуитет организиравме трибини и дебатни настани каде учество зедоа околу 1.000 учесници и гости. ПОДЕМ Битола беше домаќин и на предизборен настан на коалицијата “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ каде пред околу 500 гости се обрати нашот претседател и носителот на листа за ИЕ 5 и битолските кандидати за пратеници. Како никогаш досега ОО ПОДЕМ Битола е застапена во органите на државната управа и локалната самоуправа, а од нашата општинска организација доаѓаат и заменик министер и  директор на централна дожавна агенциа како и член на УО на централна владина институција.На присутните им се обрати и претседателот на ПОДЕМ – проф. д-р Живко Јанкуловски кој рече:-Сакам прво да се заблагодарам на успешната работа на оваа општинка организација во изминатиот период. Задоволство е да се работи со ваква општинска организација каде се постигнуваат заводни резултати кои се подобри од година во година. Очекувам од вас да стигнеме мнгу далеку. Барам да се работи професионално според Статут, пред локалните избори кои ни престојат, и да бидеме меѓу водечките партии. Прашање е дали втората партија СДСМ е на тоа ниво и јас ви препорачувам да водиме борба да бидеме ние втори. оваа општинска организација има капацитет за тоа, посебно од кадрите кои сега се предложени на ова изборно собрание. Ова што го зборувам мора да го покажеме на дело, и да постигнеме резултат кој го посакуваме за локалните избори кои ќе одржат септември или октомври.Јанкуловски на присутните делегати и гости им зборуваше и за можните коалиците пред или после локалните избори и за одлуката да се постават нови претседатели на опптинските организации, а тие може да бидат како в.д. претседатели или избрани претседатели. По верификацијата на прелозите се премина кон гласање, а едногласно за нов претседател на Опптинската организација на ПОДЕМ во Битола беше избран Александар Цветановски, кој по изборот се зблагодари за довербата и рече:-Изминатиов период ја имав привилегијата да соработувам со сите Вас и одлично се познаваме што уште повеќе додава на задоволството од дадената доверба на ова собрание. Основите се поставени и сега единствениот можен правец е напред. Ова е чест но и обврска во наредните четири години да се води најголемата општинска организација, а тоа е нашата, битолската. Но тука не зазастануваме, а веќе на првиот извршен одбор ќе избереме секретар на организацијата, како и избор на нови раковоства на месните организации, за да добијат надеж и сила од нашиот подмладок. На претседателот Јанкуловски му гарантирам во мое и име на сите нас дека нашата организација ќе остане најсилната. Ќе земеме и учество на следните локални избори во Битола, а ова Собрание е почеток на активностите во таа насока. На изборното собрание беше избран и нов Извршен и надзорен Одбор на ПОДЕМ Битола.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »