Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Охрид

Охрид – Еурофарм Пелистер 25:27 (13:16)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола во дербито на колото во Охрид ја победи истоимената екипа во убав првенствен натпревар во кој охриѓани се потрудија, но не успеаја да направат изненадување на домашен терен, со резултат 25:27, полувреме 13:16. Екипата од Битола имаше предност во текот на целиот натпревар, а на крајот само ја потврди победата. 

Натпреварор започна со изедначен резултат се до 4:4, а потоа Еурофарм Пелистер со три гола во серија дојде до 4:7. Во тое моменти Охрид мораше да игра без Цирар кој доби директен црвен картон откако при изведување на пенал го удри директно во главата Ивиќ.  На половина од првиот дел тренерот Стевче Алушовски мораше да бара тајмаут, но разликата до 3-4 гола остана и понатаму остана во корист на гостите. Во последните пет минути од првиот дел Охрид намали на -1 (12:13), но “пелистерци“ со 13:16 заминаа на одмор.

Почетокот на второто полувреме не донесе ништо ново, а Еурофарм Пелистер дојде на +4, (15:19). Охрид намали на 17:19, а потоа и на -1 (20:21), но потоа се трудеа да намалат на оваа разлика бидејќи разликата од 2 гола се одржуваше. Во последните пет минути се влезе со предност од 23:25 за Пелистер, а потоа и 24:25. Но, искусните ракометари на Еурофарм Пелистер зголемија на 24:26. На две минути до крајот беше 25:27, Ивиќ одбрани пенал и стави крај на сомнежите кој ќе биде победник.

 

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Хосни со 7 погодоци и Домен Тајник со 5 гола.

Фото: ФБ – РК Охрид

More from ВестиMore posts in Вести »