Вчера во Europe House во Битола е одржа незаборавен Европски настан за раскажување приказни „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“! Овој настан е дел од Еразмус+ проектот, собра раскажувачи, истражувачи и културни ентузијасти од Македонија, Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.
Преку традиционални ромски бајки, дискусии и презентации, ја прославивме богатото културно значење и значењето на усното предание. На вчерашниот настан „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“, имавме чест да слушаме и да научиме од некои од најистакнатите говорници кои ги поделија своите знаења, искуства и инспирации.
Фатма Бајрам Аземовска – Советник библиотекар, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, која ја отвори церемонијата и ги поздрави присутните, истакнувајќи ја важноста на овој проект за зачувување на ромската култура и бајките како дел од европското наследство.
М-р Емилија Стефановска Давкова – Директорка на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, која ја истакна важноста на зачувувањето на ромската култура и бајките како дел од европското наследство. Снежана Петровска – Претставничка на Општина Битола, која со гордост го изрази значењето на овој настан за културната размена и изградбата на поинклузивно општество.
Роналд Шункнехт – Менаџер на проектот од НВО „Југендстил“, Германија, чија посветеност и лидерство во проектот овозможија создавање на европска платформа за ромските бајки. Потоа Изабел Јан – НВО „Контакти за Европа“, Германија ги поттикна учесниците да ја ценат културната размена и меѓукултурниот дијалог.
Јелена Петровска и Бланка Чаби – Претставници на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и НВО ХЕДА од Унгарија кои ја презентираа монографијата за ромски бајки и едукативните материјали за раскажувачи.
Евангелија Мама, Викторија Михајловска, Анка Фотин, Силвија Строе, Угур Челик – претставници од различни земји кои ги споделија своите искуства и организирани настани за раскажување приказни во нивните заедници. Нивните говори ни донесоа нови перспективи и ни го открија значењето на приказните во современиот свет, а без наградени и просветни работници.
Овој настан покажа дека приказните не само што го носат нашето минато, туку и ја градат нашата иднина.

Во Битола европски настан за раскажување приказни “Sasas Jekhvar Jekh“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со реми се враќа од Гостивар, постигна три гола против Арсими
- Томас Спасе Трпчевски, 17 годишен фудбалер во Мелбурн, Австралија: од Мелбурн преку Битола и Белград до европски клуб (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 11 степени
- Денес е Свети Климент, патрон на македонската православна црква
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- Достоинствен омаж за Патронот “Слово Љубве“ на УКЛО Битола и Горната гимназија, упатени силни пораки за образованието, јазикот и младите (мега фотогалерија)
- Македонскиот виртуоз на виолина Владимир Костов и камерниот оркестар „Профундис“ ја носат „Candlelight“ магијата во срцето на Битола!
- Самостојна изложба на Бојана Артиновска во “KAMAI MEDIA“ – Битола
- Со концерт на Гамазда, кралицата на пијано кавери, затворен Фестивалот “Музика од светот“
- Премиера на филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи во Битола на 6 декември










