Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: во две интервеници уапсени тројца млади за дрога, 18 возачи возеле побрзо од дозволеното, каснувања од кучиња скитници

На 18.02.2025 во 21.00 часот на ул. „Коста Абрашевиќ“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 20 годишник од Битола затоа што  кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 17.02.2025 во 20.45 часот на ул. „Ѓорги Наумов” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода две лица на возраст од 19 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, и семки од канабис. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (18.02.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата. Притоа, вкупно беа издадени 84 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 32 платни налози. Според статистичките показатели од 394 вкупно исконтролирани возила и возачи,прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 18 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –5, како и возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол-2. Покрај ова изречени се и 5 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 4 – по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 19 непрописно паркирани возила, 8 прекршоци за непрописно престигнување, како и 11 прекршоци кои ги прават пешаците.

На 18.02.2025 во 22.50 часот во СВР Битола, Ф.Н.(45) од Велес пријавила дека на ул.„Широк Сокак” во Битола  била касната од куче скитник.

На 18.02.2025 во 12.15 чаот во СВР Битола, М.Г.(19) од Битола пријавил дека на ул„Јане Сандански” во Битола бил каснат од куче скитник.