Како и секоја година во организација на Сојузот на спортови на Битола во ресторанот “Белведере“ се одржа традиционалниот избор на спортист на Битола за 2014 година, а спортист на Битола за таа 2014 година беше Дијана Неделковска од кунг-фу клубот Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доејен на битолското новинарство.
Второ пласиран беше моторциклистот Борче Костов, а на трето место неговиот помлад колега Христијан Илијовски.
Како претседател на Сојузот на спортови на Битола, наградите на најуспешните им ги додели Димче Миновски, а наградите ги примија спортистите и членови на раководствата на наградените клубови.
–Оваа година ни се повторува истото како и изминатите години. Имаме голем број на младинци од поединечните спортови, а имаме и голем број на младинци од големите спортови, како фудбалот, ракометот, како и женскиот ракомет и фудбал.
Им честитаме на добитниците и би сакам на сите да им посакаме успеси и во оваа календарска година во која веќе започнаа натпреварувањата во сите категории, беше речено тогаш.
Посебно признание за 2014 г. доби Драгољуб Георгиевски за посебен придонес за развојот на стрелаштвото.

Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2014 година (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мехмедовиќ без да одигра официјален натпревар си замина од Еурофарм Пелистер
- Од денес дизелот поскап за 3,50 денари – 10150 денари, бензините за 1,50 денари – 93,00 денари
- Нина Ангеловска Станков доаѓа во Битола: бизнис-разговор, “Ништо случајно“ и средба со бизнис-заедницата
- Во Битола сончево и топло, температурата до 35 степени
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)










