Press "Enter" to skip to content

Вивиен од Австралија: во Македонија и во Битола ми беше многу убаво (фото)

-Накратко за впечатоците на “Вивиен“ од Австралија. Родена во градот Вулунгонг. После дипломирање на факултет за извесно време предавала во Варавонг гимназијата каде што околу 99% од учениците биле македончиња. Варавонг е исто населба блиску до Порт Kембла градот на железото. А како дете секоја сабота со другарките купувале бурек.

Овие се зборовите на мојата сега пријателка Вивиен со која се запознав сосема случајно на празникот „Мелбурн Кап“ на 5. Новембар 2024 година. Овој празник се прославува по традиција секоја година низ цела Австралија. Само во државата Викторија е неработен ден. На овај ден се одржуваат коњски трки во Мелбурн каде што добитникот се наградува со голема сума на пари и на трката учествуваат коњи од многу други држави од светот. Среќавањето беше во еден клуб во Сиднеј каде бевме забавyвани од група музиканти кои
свиреа и пееја песни од популарната група “АББА“.

Седнав до Вивиен и се претставив со моето име и кажав дека потекнувам од Македонија ме погледна и рече дека била во Македонија минатата година и го гледала фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Италија со резултат нерешено еден спрема еден. Јас и реков дека и јас бев тамо и го гледав натпреварот, таа ми рече дека многу убаво си поминала во Македонија и тогаш како да се наежив бидејќи тоа ни малку него очекував и ја зедов нејзината рака ја бакнав и реков те молам сакам да ми кажеш малку повеќе за твојот престој.

Бидејќи јас сакам да пишувам и ќе напишам нешто за да прочитаат нашите во Македонија за твоите впечатоци. Ми рече нема проблем и после неколку денови го добив нејзиниот текст на англиски јазик кој што го преведов на македонски и еве го испраќам за нашите читатели.-Моето име е Вивиен родена сум во градчето Вулунгонг блиску до Сиднеј место на најголемата фабрика за железо БХП. (Бихејчпи или Стилворк како што ја викаат македонците. Нашколо одев во Порткембла каде што имаше голем број Македончиња. Во сабота сабајле јас и моите другарки по навика одевме во Грингила мала населба до Порткембла за да си купиме бурек. после завршување гимназија се вработив во фабриката Стилворк каде што работеа многу Македонци, Срби, Хрвати и Босанци кои често разговараа меѓусебе и понекогаш несе согласуваа и секогаш имаше дискусија за како ќе биде после смртта на Тито. Јас бев тотално фасцинирана со културата начинот на живеење и традициите особено на македонците.

После дипломирање на факултет за извесно време предавав во Варавонг гимназијата. Варавонг е исто населба блиску до Порткембла каде што околу 99% од учениците беа македончиња. Кога бев 20 години гледав еден македонски филм не се сеќавам како се викаше беше снимен во Македонија некаде во 1973 бев фасцинирана од убавините на планините толку многу ме привлекоа и си реков еден ден мора да ја посетам таа земја.

После неколку години патував до Европа и се омажив за Унгарец. Од Атина до Белград патувавме со воз кој застана во Скопје додека патувавме цело време погледот ми беше надвор од прозорецот и само што ја поминавме границата на Македонија сакав да ги видам планините што ги гледав во филмот кога бев 20 години од тогаш Македонија секогаш ми беше во памет се до Божик 2022 год кога мојата пријателка од Лондон ми прати книга со наслов „До езерото“. Автор Капка Кассабова таа патувала до родното место на нејзината баба Охрид каде што има многу многувековна историја. Почнав уште веднаш да учам македонски и си организирав патување и сместување за 6 месеци мојата пријателка ме праша дали и таа може да дојди со мене за дел од времето и така заедно го планиравме нашето патување.

Со автобус тргнавме од Дурекс Албанија до охридското езеро престојувавме и убаво ни беше но јас во Албанија се здобив со повреди поради паѓање кое ми пречеше во одење и движење така да пропуштив многу нешта што имав во план да посетам. При патувањето од Албанија до Македонија нашиот прв поглед беше насочен кон прекрасните планини кои тотално не оставија без здив Како што седев на предното седиште имав можност да го вежбам мојот македонски со возачот тој ми кажуваше дека живеел со неговата сопруга во Струга имале два сина но на жалост двата заминале во Америка се ожениле за американки од тогаш повеќе не ги виделе тој ми рече дека вакви вистински приказни има многу кај постарите луѓе од Македонија младите заминуваат не можејќи да се вработат или платата им е многу мала.

Охридското езеро беше нешто што никаде и никогаш не сум видела блескаше и трепереше на сонцето и личеше како многу познатите бисери што се прават од школките. Огромно езеро што се простира меѓу Македонија и Албанија. Со бротче се возевме до заливот на
коски и до манастирот Св. Наум кој постоел уште од деветиот век. И токму од овде подземните води го полнат охридското езеро. Во самиот град Охрид има 365 цркви по една за секој ден во годината. Ние посетивме многу од нив и сите беа прекрасни, јас посебно ја бендисав црквата “Св. Јован Канео“ нејзината место положба со поглед на езерото е магнет за сликарите.

За да си купиме бурек за доручек значеше станување многу рано сабајле и брзо пешачење покрај античкиот амфитеатар за да стигнеме до продавница пред да се распродаде. Најомилено јадење ми беше македонска салата со многу фкусни домати. За пиење купував вино “Александрија розе“ од “Тиквеш“. Потоа пешачење до замокот кој што вреди да се проучи и после одење по трагите на пешаците околу тоа место и така го поминувавме поголем дел на времето.

Го напуштивме убавиот Охрид и тргнавме за Скопје колку убав главен град многу интересен музеј како и многу статуи и мостови. Во недела одморавме во еден голем парк лежејќи покрај реката или имавме мал пикник и ги гледавме пајките како излегуваат и влегуваат во нивните куќички или пак енергично трчање или возење велосипед. Навечер одефме на пешачење покрај фудбалскиот стадион и наеднаш се најдовме внатре во стадионот уживајќи во атмосверата на натпреварот меѓу Македонија и Италија резултатот беше нерешено еден спрема еден.Следниот ден го посетивме и пазарот полн со свежо овошје зеленчук зарзават и разновидни зачини пиефме лимонада и јадевме полни дланки со урми. Надвор од пазарот имаше голем број на турски и албански ресторани во стариот дел на градот. Најомилен ни беше еден ресторан во сопственост на една турска фамилија тие секогаш не препознаваа и ни носеа од најубавото турско јадење со објаснување како го направиле.

Мојата пријателка многу убаво го помина денот кај Матка кањонот таа се возела со бротче низ пештерите како и пешачела по малите патчиња на кањонот таа ми рече дека било нешто слично како Џенолан пештерите овде во Нов Јужен Велс Австралија После тоа јас се вратив во Охрид да се опоравам од повредите во Албанија. Една многу лубезна жена се викаше Ангела ме прими да престојувам во нејзината куќа за само 20 евра на вечер таа беше учителка и на жалос нејзиниот сопруг починал од рак предходната година. Таа ми кажуваше
за скандалот што се случил во здравствен центар во Скопје каде што имало обвинети дека кемотерапијата што требало да ја примат пациенти заболени од рак била наводно продавана во некој од западните земји а на пациентите им давале лажна терапија се надевам дека за ова ќе се најде решение и виновниците ќе бидат соодветно казнети бидејќи е штета во една толку убава земја со пријатни и гостопримливи луѓе да биде валкана само од неколку неодговорни и себични луѓе.

Ангела и јас поминавме неколку убави ноќи заедно пиејќи од домашно направениот лиќер од ореви кога седевме на тарасата зборувавме за политиките во Македонија. Преку ден ќе се качев на автобус и патував до Струга. Си лежев на плажите и пливав во езерото луѓе ми велеа дека ова била најомилена туристичка дестинација за туристите од Скопје. Добро се сеќавам на долгите пешачења до црквите во пештерите но сето тоа дефенативно вредеше за трудот.

Сакајќи да видам малку повеќе од Македонија си обезбедив карта и сместување за Битола. Колку пријатно гратче вечеринките ги поминувавме седејќи и шетајќи се покрај фонтаната блиску до саатот каде го вежбав мојот македонски со секој што сакаше да ме слуша ова беше место каде луѓето се среќаваа си седеја и се муабетеја Преку ден одев пешки до античкиот
град Хераклеја Линкестис имавме водич кој ни даваше објаснување за урнатините и дека многу убаво се одржувани и згрижени имаше многу туристи водичот многу убаво и детално ни објаснуваше. Овој прекрасен град бил изграден од Филип втори во четвртиот век пред Ристос подоцна Римјаните направиле амфитеатар и подоцна раните христијани ги направиле мозаиците и биле одговорни за зачувување на истите едни од најубавите во светот. Надвор од Битола на отприлика 5 километри  пешки се наоѓа винара под името “Чифлик“ винарија. Скапо вино но доста луксузно тамо јадов и се напив чаша од нивното убаво вино. Битола многу те сакам!

На жалост одморот мора да заврши требаше да патувам до Скопје за да се качам на авион. Куќата каде што преноќевав беше на еден многу добар човек Драган кој што дури до аеродром ме возеше за да се качам на авион.

Еден ден јас ќе се вратам во Македонија за да ги видам планините да ја видам Струга Ангела и Драган и прекрасната турска фамилија во Скопје. Меѓутоа времето минува сега почнав да учам и шпански бидејќи оваа година ја посетив и Шпанија но Македонија секогаш ќе има посебно место во моето срце.

Автор: Вивиен од Сиднеј
Превод:  Славица Марцевска – Митановска од Сиднеј

More from ВестиMore posts in Вести »