Еурофарм Пелистер од Битола ги започна активностите за комплетирање на ростерот за идната сезона. Еурофарм Пелистер денес потврди дека ќе го задржи еден од лидерите на тимот и за следната сезона, Усама Хосни, кој потпиша нов договор за идната сезона 2025/26.
Хосни по втор пат се врати во Пелистер по сезоната 2022/23, потоа замина за Ал-Араби во сезоната 2023/24. По една година повторно го облече зелено-белиот дрес.
-По уште една одлична сезона соработката на Еурофарм Пелистер и Усама Хосни ќе продолжи и во иднина. Клубот и десниот бек се договорија за продолжување на соработката и за следната сезона и веруваме дека заедничкиот период на радости и трофеи ќе продолжи. Усама Хосни минатото лето се врати во Македонија и го облече дресот на македонскиот шампион, по успешната сезона 2022/23, по која за кратко замина од Битола. 32-годишниот Хосни со Еурофарм Пелистер има еден освоен шампионат и еден Суперкуп на Македонија. Сезонава во Лигата на шампионите Хосни настапи на 14 натпревари и постигна 24 гола, се вели во соопштението на шампионот на Македонија.










