Струга Трим и Лум – Пелистер 4:1 (1:1)
Екипата на Пелистер од Битола на гостувањето во Струга е поразена од актуелниот шампион на Македонија Струга Трим и Лум со резултат, 4:1, полувреме 1:1 во 26. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.
Во првото полувреме се играше прилично отворено на двете страни, но без конкретни шанси на стартот на натпреварот. Стружани по досудениот пенал во 22. минута поведиа со 1:0 со голот Ланре Кехинде откако прецизно биеше. Пелистер, исто така од пенал, изедначи во 0. минута откако пеналот о гол го претвори Александар Ристевски. Пелистер останаа со играч помалку во последните секунди од првото полувреме кога беше исклучен Филип Бошковски, заради втор жолт картон.
Екипата на Струга на стартот на второто полувреме поведе со 2:1, донесе Влајковиќ во 46. минута. Потоа шампонот комплетно ја презема иницијативата, а победата ја потврди со третиот гол во мрежата на Пелистер, кога капитенот Буњамин Шабани зголеми на 3:1 во 75. минута. Во судиското време, поточно во 94. минута, Кехинде ја погоди стативата, а само неколку секунди подоцна ја погоди мрежата за конечни 4:1.
Пелистер останува на 29 бодови и на 7. место на табелата,а во следното коло битолчани на домашен терен ќе ја пречекаат Брера Струмица.











