Охрид – Еурофарм Пелистер 23:26 (11:12)
Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола со голема поддршка од верните навивачи кои и по пролетен снег дојдоа во Охрид, дојдоа до победа над екипата на Охрид, со резултат 23:26, полувреме 11:12, и тоа по две кола во плеј-офот имаат максимален учинок, кои се значајни за зачувување на шампионската титула.
Натпреварот во текот на натпреварот беше неизвесен, но имаше крајно драматичен финиш кој донесе победа на “пелистерци“ со голови на капитенот Филип Кузмановски во самиот финиш.
Домашните ракометарии тргнаа одлично на мечот. Водството од 4:1 во 6. минута. Охрид имаше и шанса за +5, но не искористи, а потоа искусниот шампион за девет минути направи пресврт, и поведе со 5:7. Потоа целосно се “сврте“ играта, Еурофарм Пелистер диктираше, а Охрид бркаше изедначување, што и му успеа.
Но, охрижани премногу лесно ги пропушаа своите шанси. Особено што во последната минута Чаневски прво одбрани пенал, а потоа во последните секунди Сафранко не реализираше чиста ситуација за реми. Никола Митревски беше подобра, со своите пет одбрани, а на одмор Еурофарм Пелистер замина со гол предност.
Вториот дел започна со повредата на Јотиќ, но сепак одржуваше резултатска рамнотежа. Финишот беше во знак на капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, постигна пет гола во последните минути. Од 21:20 “пелистерци“ дојдоа до 23:26 и нови бодови.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски беше МВП на натпреварот кај победникот со дури 12 постигнати гола, шест во првото и шест во второто полувреме. Богдан Радивојевиќ постигна 7 гола.











