Дербито во Битола помеѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се игра пред полни трибини во Битола, денес соопшти шампионот дека ги продал сите билети за овој натпревар, кој предизвика големо внимание.
Битолчани коментираат дека кога по снег и со летни гуми бевме во голем број во Охрид, во Битола нема кикс, ќе “крцка“ салата.
Натпреварот во Битола е во рамки на третото коло на разигрувањето за титулата (плеј-оф) помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид в недела. Битолчани имаат максимални две победи, додека избраниците на Кире Лазаров една победа и еден пораз, оној од Вардар
Во дуелот во февруари во регуларниот дел на сезоната битолчани славеа со 33:20.
Ден претходно во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе игра нашата женска репрезентација против Полска. Се предвидува распродадена сала и на овој натпревар.








