Press "Enter" to skip to content

Златен, сребрен и два бронзени медали за кик-боксерите на КБК Самурај од Битола на Европскиот куп во Сараево

Деновиве в0 Сараево, Босна и Херцеговина се одржа Европскиот куп во кик-бокс “Гранд при Сараево 2025“ на кој учествуваа 801 кик-боксери од 20 држави од Европа, со 938 натпреварувачки влезови. 

Меѓу 181 клуб од цела Европа чии кик-боксери учествуваат во борбите за медали беа и три кик-боксерки од КБК Самурај од Битола, кои освоија и три медали златен, сребрен и два бронзени медали.Леа Бошевска освои златен медал во конкренција LC (-50 килограми) и второ место во КL до 55 килограми во категорија постар кадет.

Сара Стојановска освои трето место во КL до 55 килограми во категорија постар кадет.

Дамјана Пеовска исто така освои трето место во сениорска конкуренција во КL до 70 килограми.

Тренерите од КБК Самурај, Тони Бошевски, Гордана Цветковска Бошевск и Борче Стојаноски, се задоволни од борбите на натпреварувачите, што дава уште поголем елан за работа, посебно на меѓународни натпревари.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »