Press "Enter" to skip to content

Брера ја освои Битола, неочекуван домашен пораз на Пелистер (фотогалерија)

Пелистер – АП Брера 1:2 (0:1)

Екипата на Пелистер е поразена во Битола, односно со непријатно изненадување за своите навивачи, бидејќи противникот беше последен на табелата, а АП Брера дојде до значајна победа со резултат 1:2, а со трите “битолски бода“ го напуштија дното и пак се во игра за опстанок во прволигашкото друштво.Првата половина од првото полувреме се играше рамноправно, а шанси за гол имаа “пелистерци“. Се пробаа да погодат Стефан Ивановски, капитенот Ивановски и Керим, а по прекините и Александар Ристевски.Но потоа Брера имаше свои прилика. Првата не ја искористи Нзенгуе кој погоди статива. Од вториот обид Брера поведе, кога капитенот Ѓорѓиевски од  работ од казнениот простор, извонредно биеше а и топката од стативата заврши во мрежата на Андреј Јовчевски за 0:1.Во второто полувреме, Пелистер се обиде да се врати резултатски но не успеа. Затоа од “другата страна“ дојде казната. Во 70. минута, Ричард Нзенгуе шутираше крај неколку дефанзивци на Пелистер и погоди во мрежата на Јовчевски за 0:2.Во финишот на натпреварот во 92. минута Пелистер намали на 1:3 по корнерот.По 27 одиграни кола екипата на Пелистер е одма на табелата со 29 бода.

Фото: Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »