Press "Enter" to skip to content

Симона Маџовска пред своите битолчани се прости од репрезентативниот дрес (фото)

Денешниот бараж натпревар во Битола на репрезентацијата на Македонија левиот бек Симона Маџовска засекогаш ќе го памети натпреварот против Полска, бидејќи за неа беше последен натпревар во репрезентативната кариера на битолчанката, а прв и последен одигран во дресот со националниот грб пред своите, во Битола.

По натпреварот таа доби пригодни подароци од нејзините најблиски, кои имаа можност да ја поздрават и да изгушкаат, а тоа беше на радост на нашата репрезентативка, која искрено се израдува, и рече:-Јас ова го доживеав во Битола, пред своите, а можам само на секој еден спортист да му посакам да ја почувстува оваа атмосфера во Битола. Битола уште еднаш ја покажа и својата хуманост. Посакував овој меч да трае 90 минути, не толку за резултатот, колку за атмосферата, затоа што беше уживање да се игра во ваква атмосфера.

Маџовска продолжува да биде клупски активна во германскиот Цвикау.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »