Press "Enter" to skip to content

Фото вест: плакета од РФМ за Јован Василев од Битола за 50 години развој на ракометот

Пред почетокот на натпреварот во Битола се одржа мала церемонија на која беше доделена плакета за Јован Василев од Битола, поранешен ракометар, меѓународен судија, меѓународен делегат, ракометен работник…

Плакетата на Василев му ја додели претседателот на Ракометната федерација Александар Стефанов, а му е доделена по повод 50 години особен придонес во развојот на македонскиот ракомет.Јован Василев по завршувањето на натпреварот ги доби првите честитки од ракометарките на ракометниот клуб Пелистер каде децении работи со нив, а на честитките им се приклучија и дел од репрезентативките кои потекнуваат од Битола и биле дел од ракометниот клуб Пелистер.