Пелистер – АП Брера 1:2 (0:1)
Екипата на Пелистер е поразена во Битола, односно со непријатно изненадување за своите навивачи, бидејќи противникот беше последен на табелата, а АП Брера дојде до значајна победа со резултат 1:2, а со трите “битолски бода“ го напуштија дното и пак се во игра за опстанок во прволигашкото друштво.
Првата половина од првото полувреме се играше рамноправно, а шанси за гол имаа “пелистерци“. Се пробаа да погодат Стефан Ивановски, капитенот Ивановски и Керим, а по прекините и Александар Ристевски.
Но потоа Брера имаше свои прилика. Првата не ја искористи Нзенгуе кој погоди статива. Од вториот обид Брера поведе, кога капитенот Ѓорѓиевски од работ од казнениот простор, извонредно биеше а и топката од стативата заврши во мрежата на Андреј Јовчевски за 0:1.
Во второто полувреме, Пелистер се обиде да се врати резултатски но не успеа. Затоа од “другата страна“ дојде казната. Во 70. минута, Ричард Нзенгуе шутираше крај неколку дефанзивци на Пелистер и погоди во мрежата на Јовчевски за 0:2.
Во финишот на натпреварот во 92. минута Пелистер намали на 1:3 по корнерот.
По 27 одиграни кола екипата на Пелистер е одма на табелата со 29 бода.
Фото: Сашо Ристевски










