Press "Enter" to skip to content

Алонсо, Кузмановски и Ивиќ: покажавме победнички менталитет, работиме многу добро, пофалба за младите

Вчера на свој терен, во Битола македонскиот шампион Еурофарм Пелистер очекувано за забележа тратата победа во плеј-офот, или сега има “три од три“ против екипата на Алкалоид со резултат 30:28.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо по победата рече дека  победата на неговиот тим е заслужена и покрај неизвесната завршница, која можеше да биде помирна.-Знаевме дека ке биде различен натпревар од оној кој го добивме со 13 гола. Сега сме на првото место, знаевме дека гостите имаат највисоки цели и квалитет, но ние заслуживме да победиме. Можеби не победивме со голема разлика, но ја имавме контролата низ текот на целиот натпревар, иако последните моменти беа малку стресни. Знам дека очекувањата се секогаш високи во оваа средина, сите имаме притисок, тоа не е нешто ново. Мојот тим е фокусиран на остварување на целите, работиме многу добро. Секогаш има притисок, сеедно дали ке победиме со десет или со еден погодок. Клучно беше што останавме смирени во стресните ситуации, особено во последната акција и среќен сум за Хаџик, кој ја чека својата шанса и работи напорно. Тој ни помогна многу, но мислам дека за последната акција целиот тим заслужи комплименти.

Капитенот Филип Кузмановски и на ова дерби покажа како се однесува едне капире на терен. Доби многу удари, беше на мета на противничката одбрана, се бореше во одбрана, постигна осум гола и беше најдобар стрелец. Капитенот по победате рече:-На крајот пресуди нашето искуство од Лигата на шампионите, игравме до крајот без нервоза, без избрзани потези. Имавме добри ротации, секој кој што влезе на терен имаше свој придонес. Да не го заборавиме и Самоил Ристевски кој одигра перфектна одбрана, тоа е пример за секој помлад ракометар тука како треба да се игра. Има простор тука за сите таленти да напредуваат. Тешко дека некој ќе не победи со ваква атмосфера и перфектна публика во Битола. Никого не го потцениваме, максимално се спремаме за секого. Покажавме шампионски менталитет, сега ни следи Бутел. Сакам само да продолжиме во ист ритам.

Голманот Филип Ивиќ кога застана на голот забележа пет одбрани и даде свој придонес во победата. Хрватскиот голман по натпреварот испрати честитки до сите ракометарите и публиката и додаде:-Пред се, честитки до играчите за борбеноста од првата до последната минута, исто така и честити до навивачите кои беа со нас цел меч. Тука пресуди борбеноста и машката игра, морам да испратам честитки и за Алкалоид. Сите знаеме дека што потежок е патот до титулата, толку посладок е успехот. Одиме меч по меч, тешко е да се држат високо ниво и континуитет, но ние покажавме доста доби работи во нашата сала. Се надевам дека ќе ја оствариме нашата цел и на следните два меча со Бутел и Вардар, тоа се два меча кои мора да ги победиме.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »