Денес во спортската сала на гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола, се одржа завршниот турнир од државното првенство во кошарка за средни училишта, кое федерацијата на училишен спорт на Македонија за учебната 2024/2025 година, организацијата ја додели на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Битола.
Целокупната агенда на државниот настан, планот и програмата на Државното првенство ја презеде СОУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито,, – Битола и Стручниот актив по спорт и спортски активности. Целокупната организација ја презеде Гимназија, односно стручниот актив по спорт и спортски активности.
Настанот го отворија проф. Александар Туфекџиевски, претседател на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, и градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски и директорката на гимназијата Лидија Споа, кои упатија поздравни зборови до учесниците и присутните.
На настанот покрај домаќинот учествуваа СОУ “Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, СОУ “Др. Ибрахим Темо“ од Струга и СОУ гимназија “Јосип Броз Тито“ од Скопје.
Во полуфиналето домаќинот екипата на гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола е поразена од младите кошаркари на „Јосип Броз Тито“ од Скопје. Во натпревар за трето место гимназилајците од Битола беа подобри од врсниците од СОУ “Др. Ибрахим Темо“ од Струга.
Победник беше екипата на гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје.
Инаку, преку програмата за млади и спорт, Општина Битола издвојува значајна поддршка на активностите на Сојузот на училишен спорт на Битола, а годинава поддршката е во износ од 1.500.000 денари.

На државното првенство во кошарка, во Битола, трето место за домаќинот, екипата на гимназијата “Јосип Броз Тито“
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: битолчанка физички нападната од сопругот со кого се разведувала
- „Жени во кинематографијата“ на фестивалот „Браќа Манаки“: Менталното здравје, границите и конфликтите во фокусот на WIC панелот
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)
- Пелистер поразен од Куманово, утре ќе игра трето место во Битола (фотогалерија)










