Денес на пладне во Битола пред спортската сала “Боро Чурлевски“ беа пречекани младите ракометари на Еурофарм Пелистер кои по двете победи во Букурешт, Романија обезбедија пласман во завршницата Ф4 во Келн Германија.
Младите ги пречекаа стручниот штаб и сите ракометари на Еурофарм Пелистер кои го прекинаа тренингот и му ја укажаа честа која младите ја заслужија.
Младите ракометари ги пречека и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој на тренот Кире Марковски и ракометарите им го честита пласманот во Ф4 и им порача дека очекуваат од нив борба како во Букурешт и големиот пехар од Германија да допатува во Битола.
Скромите младинци, многу возбудени од победите, пласманот и секако од дочекот во Битола одговорија на пораката “Сакаме титула“, дека нема предавање во Келн, уште на првиот натпревар против врсниците од Веспрем тоа ќе го докажат. 

Со аплауз и порака “Сакаме титула“ младите ракометни херои пречекани во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во среда, со смеа, за среќа, со Блаже Докуле
- Во Битола сончево и многу топло, од утре мало заладување
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
- КК Пелистер го доведе и Лука Савиќевиќ
- „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- КК Пелистер го доведе и Лука Савиќевиќ
- Еурофарм Пелистер со победа ги започна котролните натпревари
- Божиновски и Начевски ќе судат мундијалско полуфинале за кадети во Романија
- Американецит Камрон МекДауел е нов кошаркар на Пелистер
- Сапунџиев повторно во дресот на КК Пелистер, Златевски потпиша на една година









