Работнички – Пелистер 2:1 (о:1)
Фудбалерите на Пелистер од се поразени во Скопје на гостувањето кај Работнички, во рамките на 28. коло на Првата фудбалска лига со резултат од 2:1, полувреме 0:1.
Поведоа битолчани преку Мирко Ивановски, а потоа Гандо Биала со два погодоци донесе пресврт и победа.
Почетокот на натпреварот беше во знак на домаѓинот и создадоа неколку шанси за гол, но Енианг, Аломеровиќ и Манојлов не погодија за водство.
Во 39. минута Пелистер успеа да го отвори резултатот, а стрелец беше капитенот Ивановски, по едно уфрлување во шеснаесетникот Тарасенко со глава спушти топка која леташе во гол-аут, таа падна пред искусниот напаѓач кој стрелаше за 0:1.
Работнички ја имаше и иницијативата и на стартот на второто полувреме, имаа поништен гол заради офсајд, а потоа следуваше израмнувачки погодок на Гандо Биала. Камерунецот со глава погоди за 1:1 во 65. минута. Дури во 88. минута Работнички успеа да погоди за водство од 2:1 со вториот погодок на Гандо.










