– Добивме многу пораки со прашања околу картите за натпреварот против РК Вардар 1961 во четврток. Сега кога го имаме точниот термин на одигрување, сакаме да ве известиме дека картите од денес, вторник, во 12 часот, ќе бидат пуштени во продажба на нашите продажни места и online. Побрзајте интересот е голем!, соопштија од ракометниот клуб Еурофарм Пелистер.
Вардар в четврток гостува во Битола, а несомнено ќе биде пречекан пред полна сала и пеколна атмосфера. Двете екипи во големото дерби влетуваат со максимален број на бодови во плеј-офот, но лидер е Еурофарм Пелистер поради бодот што го донесе од регуларниот дел од сезоната.








