Press "Enter" to skip to content

Вардар продолжува во Ф4 во Купот, го победи Еурофарм Пелистер 2 во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 28:25 (18:9)

Екипата на Вардар со двата триумфа во 1/4 финалето на Купот  кој се одржа во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битооа се пласираше меѓу четирите најдобри, односно во Ф4 од Купот,  триумфираа со 25:28, полувреме 9:18.На Еурофарм Пелистер 2 натпреварот против Вардам му беше прв натпревар денес бидејќи утрината не го играше својот дуел со Борец ФЛ, откако велешани дојдоа со девет ракометари, па тој натпревар беше регистриран со службен резултат 10:0. Наспроти нив Вардар имаше напоред дуел со Бутел што го доби дури во последниот дел од средбата.

Младите битолчани имат резултатска рамнотежа до 14 минута, кога последен пат израмнија на 6:6. Следуваше серија на Вардар од 9:1 и дојде до 15:7. До крајот првото полувреме скопјени дојдоа до 18:9. На стартот на второто полувреме Вардар дојде до +10, а после тоа се знаеше победникот во Битола. Пелистер ја намали разликата на 17:23.  Во последните десет минути од мечот Вардар влезе со предност од 20:25. Вардар пак зголеми на +7, а последните неколку минути гостите од Скопје правеа технички грешки, а тоа Еурофарм Пелистер 2 го искористи и намали на само три гола негатива, 25:28, но Вардар беше сигурен во победата.Во тимот на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Ненад Белистојановски со 6 гола, додека четири даде Мирче Калајџиевски.

More from ВестиMore posts in Вести »