Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Тиквеш во Битола по четири порази по ред (фотогалерија)

Пелистер – Тиквеш 1:0 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер во Битола на стадионот под Тумбекафе, ставија крај на лошата сероја од четири порази и го победија Тиквеш со 1:0, во 29. коло од Првавата фудбалска лига на Македонија.Натпреварот започна израмнето, Пелистер се обидуваше да се наметне иако “пелистерци“ имаа напади кои не доведоа до зрела шанса. Прв се обиде какитенот Ивановски но неговиот удар со глава заврши крај голот.Тиквеш дојде во 14. минута имаше одлична прилика за гол, а по долгата акција Рајчиновски биеше високо над голот. Најзрелата шанса во првиот дел ја имаше Садик, беше сам пред голот, но Јовчевски одбрани.Во вториот дел тимот на  Захариевски имаше иницијатива, а тоа вроди со плод со голот на Захар Тарасенко во 75. минута. Тарасенко биеше неодбранливо над главата на голманот Димовски за 1:0.Пелистер по 29. кола има 32 бода, шест повеќе од Тиквеш кој е на позицијата која води во баражот за опстанок во лигата. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »