Топ Гол – Речица 3:0 (1:0)
Уште една победа на сениорската женска екипа на Топ гол од Битола во рамките на 23. коло од ПФЛ жени. Со конечен резултат од 3:0, на полувреме 1:0 , Топ Гол ја оствари својата петта победа во првенството и се искачи на 6. место на табелата.
Во натпреварот кој се одигра во Битола на популарното “Ќумурно” битолчанки со головите на Илиевска во 6 и 57 минута и М. Талевска во 60 минута повторно ја потврдија доминацијата во натпреварите против Речица на домашен терен.
-Браво за девојките и остварената нова победа. Со овие три и математички ја избегнавме опасната зона се искачуваме во централниот дел на табелата и до крајот на првенството ќе се обидеме да го подобриме нашиот пласман. Што се однесува за самиот натпревар, резултатот го отворивме во самиот почеток, создадовме уште неколку шанси за гол , но реализацијата беше во второто полувреме, изјави Кире Грбевски шефот на стручниот штаб на Топ гол.
За Топ гол настапија: Н.Талевска, Давчева, Ристевска, Мојсоска, Јоновска, Марковска, Шабановска, М.Талевска, Илиевска, Милевска и Стевановска уште играа: Куневска, Коњановска и Соклевска.
До крајот на првенството остануваат уште 4 кола, а следното коло Топ гол ја пречекува екипата на Истатов.










