Еурофарм Пелистер – Охрид 42:30 (23:9)
Кадетите на Еурофарм Пелистер вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ги победија врсниците од Охрид со резултат 42:30, полувреме 23:9.
Битолските ракометни кадети до двомечот со Охрид поставија вкупен резултат од 67:52 и со тоа се пласираа на Ф4 турнирот за разигрување за шампион на Македонија во кадетска категорија.
Кадетите на Еурофарм Пелистет кои ги предводат тренерите Фаруќ Фарук и Кире Митревски во завршницата на “Ф4“ влегуваат со 100% максимален учинок, без ниту еден загубен бод.
За Еурофарм Пелистер настапија: Лазаревски Стефан 7, Велјановски Павел 6, Атанасовски Горазд, Спировски Тео 9, Ѓоргиевски Стефан 6, Мијалчев Горазд 3, Неданоски Петар, Бошковски Антонио, Дамчевски Андреј 3, Георгиев Андреј 2, Марковски Владимир, Трсунов Архангел 1, Симоновски Јован 5, како и голманите: Фехми Мелин, Трсунов Атанасиј, Мацанковски Јован.
Фото: Дамијана Ристевски









