Press "Enter" to skip to content

Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)

Сојузот на училишен спорт од Битола денес на спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија спортска опрема – дресови, кои им ги додели претседателот Михајло Трампевски, што беше предвидено во новата програма усвоена од Општина Битола за зголемено финансирање на Општинскиот сојуз на Училишен спорт. -Оваа година добивме поголема финансиска поддршка од Општина Битола, а со дел од тие средства ги набавивме дресовите кои денес им ги доделивме на наставниците по физичко образавание, кои се ментори на спортските екипи кои се натпреваруваа во општинските натпревари, а најдобрите продолжија на регионалните и државните натпревари, вели Михајло Трампевски.-Дресовите се со впишано име на училиштата и логото на Општина Битола како достојно би се претставала на регионално и државно ниво нашата општина на тековните натпревари. Во оваа прилика сакам да напоменам дека и превозот е обезбеден за сите екипи кои се пласираат на истите тие натпревари од Општинскиот сојуз на училишен спорт, преку зголемениот буџет кој го имаме, додава Трампевски.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »