Силекс – Пелистер 0:0
Фудбалерите на Пелистер од Битола одиграа реми без голови против екипата на Силекс во Кратово во рамките на претпоследното 32. коло на ПФЛМ, во натпревар кој немаше резултатско значење. Двата тренери им дадоа шанса на млади фудбалери.
Во првото полувреме екипата на Силекс создаде неколку шанси за гол но немаа конечна завршница, а Пелистер се ободуваше преку противнападите, но на пауза се замина 0:0.
Исто беше и во второто полувреме, немаше посериозни шанса. По еден старт на Габриел Крстевски од Пелистер доби црвен картон во 77. минута. Силекс проба да постогне гол Ѓорѓиевски и Додев.
Во последното коло Пелистер на домашен терен ќе го пречека тимот на Беса 1976.











