Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа над Охрид во Битола влегува во завршницата на сезоната (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Охрид  34:30 (17:14)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола во рамките на плеј-офот на Суперлигата  ја победи екипата на Охрид со резултат 34:30, полувреме 17:14 за шеста победа и влез во завршницата во разигрувањето за титула.Охриѓани добро го започнаа дуелот и во неколку наврати и водеше со два гола разлика (3:5, 5:7) против домаќинот Еурофарм Пелистер.Следуваше потоа Раул Алонсо да повика тајм-аут, потоа ситуацијата се  промени, после 19. минута кога Пелистер премина во водство. “Пелистерци“ на пауза заминаа со предност од +3 (17:14).Во вториот дел се играше порамноправно, Охрид се трудеше, но тоа беше малку за изненадување во Битола. Се обиде Охрид и дојде до -2, но до крајот на натпреварот ракометарите на Еурофарм Пелистер, рутински дојде со победа. Конечниот резултат е 34:30.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Кузмановски со девет и Мамдух Шабиб со четири гола, а по три погодоци постигнаа Тајник, Костески, Пешевски и Хосни.

More from ВестиMore posts in Вести »