Press "Enter" to skip to content

Ќани и Кире за утрешното “Ф4“ во пионерска конкуренција во Битола, посакуваме финале

Битолските и македонски ракометни легенди Игор Николовски и Кире Поповски се тренери на нашите најмлади ракометарчиња од Еурофарм Пелистер што утре играат на поинерското “Ф4“ натпреварување за шампион на Македонија, кој започнува во 11,30 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.

Игор Николовски за утрешниот пионерски ракометен турнир вели:

-Натпреварите на Ф4 се едни од највозбудливите спортски настани што со нетрпение го очекуваме и ние и играчите на РК Еурофарм Пелистер 2. Се надевам на фер и динамична игра, исполнета со страст, пожртвуваност и спортски дух. Очекувам играчите да го дадат својот максимум и да покажат зошто токму тие се полуфиналисти, а се надеваме и финалисти. Навивачката атмосфера, емоциите и неизвесноста ќе бидат дел од она што ги прават овие натпревари посебни. Се надеваме дека нашиот тим ќе го покаже својот квалитет и ќе ја однесе победата, но пред сè, посакуваме сите натпревари да поминат без повреди и со меѓусебна почит меѓу тимовите. Без разлика на резултатот, најважно е спортот да победи.

Кире Поповски за утрешниот ракометен турнир вели:

-По прилично подолг период имаме Ф4 во Битола. Натпреварите ке бидат возбудливи и израмнете, се надеваме на наша добра игра и дека ќе стигнеме до добри резултати. Играчите се подготвени и со нетрпение ги очеуваат полуфиналето, се надеваме на добра игра и поддршка од трибините за пласман во финалето.

More from СпортMore posts in Спорт »