После денешниот последен натпревар од ПМФЛ кој се одигра во Битола и Пелистер беше поразен од екипата на Беса претседателот на ФК Пелистер од Битола одлучи да си поднесе оставка од најголемата позиција во клубот, а од наредната сезона Митко Стојковски нема да биде претседател на клубот.
-Заминувам од позицијата претседател на клубот и во иднина ќе бидам најголем навивач на Пелистер. Ќе останам само до транзициониот период кога ќе биде назначен новиот претседател. Главната цел според предвидениот буџет – опстанокот и стабилизацијата на клубот во Првата лига ја остваривме. Сепак, втората цел, која е финансиска стабилност на клубот не ја остваривме. Една од причината за моето заминување е и непочитувањето кон клубот на тие што треба да го бодрат и во најтешките моменти. Му посакувам само успеси на клубот во иднина, се зборовите на Митко Стојковски.
-Стојковски беше на чело на Пелистер две и пол години, тој го презеде клубот во втора лига, па целта која ја зацрта беше Пелистер да се врати во Прва лига, да биде стабилен прволигаш, и секако да се исчистат долговите од предходниците, цели кој тој како претседател на клубот ги исполна и го остава клубот чист, и стабилен, стои во соопштението на ФК Пелистер.








