Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер по Куп титула, битолска инвазија на Охрид, судии битолчани

Сите ракометни патишта од Битола попладнево водат кон Охрид каде што ќе се одигра уште едно „вечно“ дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, овојпат за трофејот во Купот на Македонија. 

Екипата на Еурофарм Пелистер до финале дојде преку победа во полуфиналето над Охрид, а претходно “вардарци“ по пенал-серија го детронизираа Алкалоид, а “вечните“ ривали си закажаа меѓусебно финале, деветто во историјата.

Ова финале ќе биде добра увертира за „финалето“ на Суперлигата, бидејќи следната сабота Вардар и Еурофарм Пелистер играат и за трофејот во првенството, а денес  време за пехар кој Битола го чека 20 години.

Денес се очекува навивачка инвазија врз Охрид, бидејќи и „Комити“ и „Чкембари“ го најавија своето присуство, а во Битола од рано утро се бара билерт, бидејќи како рекоа организатприте нив ги нема.

Ракометната федерација на Македонија ги обелодени судиите за финалниот натпрвар од Купот на Македонија. Битолските интернационални судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, кој се игра попладнево од 17:30 часот.

Финалето во Купот на Македонија се игра попладнево во салата „Билјанини извори“ во терминот од 17:30 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »