Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола соопшти дека Богдан Радивојевиќ се обрвза на нов едногодишен договор со Еурофарм Пелистер.
По две успешни сезони во првакот на Македонија, десното крило постигна согласност за соработка и за сезоната 2025/26.
32-годишниот Радивојевиќ освојувал трофеи секаде каде што настапувал. Во Партизан, Рајн Некар Левен, Флензбург, ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер, Радивојевиќ остави голема трага и затоа огромно е задоволството што нашата соработка ќе продолжи.
Радивојевиќ во сезоните 2023/24 и 2024/25 одигра 27 натпревари за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, а минатата сезона го освои и шампионатот на Македонија.










