Вардар – Еурофарм Пелистер 30:32 (17:15)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола е шампион на Македонија третпат по ред, откако славеа на гостувањето кај Вардар со 30:32, полувреме 17:15, во Скопје, во спорската сала “Јане Сандански“. Ова е трета по ред титула за битолчани, деветта вкупно.
Натпреварот започна рамноправно ипо десетина минути беше 5:5, кога и се пијавија во салата “Чкембари“. Следуваа потворно рамноправи минути на терен, и поврорно реми, 10:10. По неколку грешки на Пелистер, Вардар дојде до 13:10 по дваесетина минути игра, а потоа Вардар дојде и до 15.10. Битолчани намалија на 15:13, а на одмор Вардар замина со плус два, 17:15.
На стартот на вториот дел беше 18:16, а Еурофарм Пелистер израмни на 19:19 по што започна драмата на теренот за титула. Се играше гол за гол, а Пелистер имаше неколку шанси за гол предност, на 24:24, а водство имаа на 25:26. Вво последните пет минути се влезе со реми, 27:27, а потоа повторно реми 28:28. Вардар бркаше негатива од -1 на само 70 секунди. Вардар промаши пенал на стартот на последната минута, Алонсо имаше тајм-аут на 30 секунди, а потоа немаше време за нешто повеќе за вардарци, па о славјето на Пелистер и “Чкембарите“ можеше да почне.
Наификасни кај Еурофарм Пелистер Кузмановски со седум, како и Тајник, Пешевски и Хосни со по пет гола, а Митревски беше најдобар кога беше најпотребно.











