Press "Enter" to skip to content

Натпревар на сезоната за титула во ракомет, дали Еурофарм Пелистер останува шампион!?

Со одиграување на денешниот ракометен натпревар, вечното дерби на македонскит ракомет Еурофарм Пелистер од Битола и Вардар од Скопје, завршува ракометната сезона и плеј-офот во Суперлигата, а ќе се знае и дали остануваа “пелистерци“ шампиони на Македонија или титулата од Битола по две години се сели во Скопје.

Натпреварот ќе биде вистински ракометен спектакл, влезниците се распродадени, а на трубините ќе бидат двете навивачки групи, “Чкембари“ кои во голем број веќе се на пат кон Скопје и домаќините “Комити“.

Се очекува борба на теренот, но и “борба“ на трибините.

Инаку, Вардар и Еурофарм Пелистер имаат по 19 бода во плеј-офот. Вардар е во мала предност, станува шампион со “реми“, но Пелистер со победа поубаво ќе ја прослави титулата.

Фаворит во дерби натпревар практично и да нема, сите опции се отворени и останува да видиме како ќе се покажат скопјани и битолчани во „вечното“ дерби, во СЦ „Јане Сандански“ во 19:30 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »