Press "Enter" to skip to content

Младинците на Еурофарм Пелистер отпатува за Келн на Ф4, на последниот тренинг во Битола посебен гостин, капитенот на Еурофарм Пелистер – Филип Кузмановски

Денес рано наутро младинците на Еурофарм Пелистер отпатуваа за Германија, каде во градот Клен, ќе играат на завршницата на Ф4 откако претходно во Букурешт, Романија, со две победи го обезбедија пласманот во завршницата со најдобрите младински екипи од Европа.

Капитенот на Maкедонија и Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, беше гостин на поседниот тренинг во Битола на младинците на битолскиот суперлигаш пред заминувањето на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.Кузмановски ги охрабри ракометарите и им посака среќа на турнирот на најдобрите младински екипи во Европа.

Експедицијата на Еурофарм Пелистер денес од 20 часот ќе го одржи официјалниот тренинг пред полуфиналето против ГОГ Гудме.

Натпреварот за пласман во финалето се игра в сабота на 14 јуни во 09:00 часот во Дормаген.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »