Press "Enter" to skip to content

Фарук Мемиќ еден од тренерите на младинците на Еурофарм Пелистер од Битола: очекуваме да бидеме изненадување во Келн, одиме мирно и сталожено до нов успех

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер од Битола утре со почеток во 9 часот наутро ќе игра на завршницата во Лигата на шампионите, каде најдобрите млади екипи ќе се судрат како увертира на Ф4-турнирот во Келн.

Пелистерци во полуфиналето играат со ГОГ Гудме од Данска, а тренерот Фарук Мемиќ вели дека за Келн се подготвувале постојано благодарение на добрите услови што им ги обезбеди клубот.

-Ние имаме свој начин и систем на игра, така да сме подготвени на предизвиците пред секој противник. Нормално дека има посебна емоција и возбуда кај секого во нашиот тим, меѓутоа одиме мирно и сталожено до нов успех. Не секогаш на ваквите турнири победуваат фаворитите, па очекуваме да бидеме изненадување, при што веруваме и се надеваме дека ќе го израдуваме градот и државата со освојувањето на истиот, вели Мемиќ, кој одговори и на други прашања поставени од наша страна.

Во Романија заминавте без големи очекувања. Како беше да се освои турнирот во тешка група? Како се однесуваа Романците?

-Во Романија заминавме со резерва само поради скептичните очекувања на нашите симпатизери поради фактот што игравме против звучни имиња со високи достигнувања во сениорски категории. Ние постојано веруваме во успех, додека пораз е во втор план во нашиот избор при натпревар со било која екипа. Иако игравме со врвно организирани екипи како во сениорска така и во младинска категорија, покажавме дека во Македонија се игра и тренира ракомет на високо ниво со освојувањето на турнирот во Букурешт, пред екипи како што се Виве Киелце, Висла Плок и Динамо Букурешт и пласман на “Ф4“ во 4 те најдобри младински екипи во Европа. Чувството по освојувањето на турнирот во Букурешт беше одлично. Со оглед на тоа дека од првото учество, Битола и Македонија преку Еурофарм Пелистер се пласира меѓу најдобрите 4 младински екипи во Европа што претставува огромен успех за целиот Балкан како единствен претставник од регионот. Романците се покажаа како добри организатори и гостопримливи, меѓутоа беа разочарани после поразот на нивниот тим во финалниот натпревар од нашиот состав.

Оваа екипа има видлива хемија и играњето заедно создаде тим. Каква вредност за оваа екипа донесе Хаџиќ?

-Тимот функционира како едно семејство постојано се подржувааат нашите играчи еден со друг, заедно ги надминувме сите проблеми како на спортски така и на приватен план. Сите играчи потекнуваат од нашата школа од најрана натпреварувачка категорија заедно со мене растеме од самите нивни почетоци од нивната најрана возраст. Алем Хаџиќ е дел од нас неколку сезони, тој настапува на сите младински турнири за нас поради правилото за неможност за настап на странски играчи не смее да игра во Македонските младински првенства. Тој настапува и тренира со нашиот сениорски тим кој настапува во Лигата на шампиони и одлично се надополнува во останатиот дел од тимот пренеувајќи им на младите играчи искуства од неговите сениорски настапи. Во Македонија јас сум негов старател од самото негово доаѓање, па со оглед на тоа дека и неговиот татко е тренер во сениорски тим во БиХ, каде и да биде се знае темата на разговор и совети.

Тренерите пулсираат со екипата. Какви се заслугите на Мемиќ и Митревски за овој пласман на Ф4?

-Секогаш кога тимот победува се кажува дека имаат добра екипа, затоа се победува, додека кога тимот ќе загуби се знае кој е виновен. Така да има и наша заслуга. Овие успеси не се случајни, повеќе години работиме макотрпно со сите играчи од нивната најрана возраст. Со што оваа година нашиот клуб бележи најдобри резултати од самото постоење, каде што пионерската и младинската екипа се вицешампиони на Македонија, додека кадетскиот наш состав, каде што настапуваат 80% играчи кој што ќе настапат на завршниот турнир во Келн е шампион на Македонија што е прво злато за РК Еурофарм Пелистер по подолг период. За разлика од сенирски тим, каде што работат повеќе тренери кој што имаат различни задолженија за тимот. Во младинските категории ние како тренери се грижиме за сите работи самите. Така да многу е покомплицирано да се создадат млади играчи од колку да се добијат готови играчи. 

Следи Келн и дуел со најдобрите во Европа. Има ли посебна емоција, како се подготвувате, што знаете за ГОГ Гудме?

-За Келн се припремаме постојано благодарение на добрите услови што ни ги обезбедува нашиот клуб. Ние имаме свој начин и систем на игра, така да сме подготвени на предизвиците пред секој противник. Нормално дека има посебна емоција и возбуда кај секого во нашиот тим, меѓутоа одиме мирно и сталожено до нов успех. Не секогаш на ваквите турнири победуваат фаворитите, па очекуваме да бидеме изненадување, при што веруваме и се надеваме дека ќе го израдуваме градот и државата со освојувањето на истиот.

Ова е само почеток за вашите кариери. Еурофарм Пелистер понуди историска шанса на големата сцена – се гледате ли и во иднина во сениорскиот тим на Еурофарм Пелистер?

-Јас сум дел од оваа приказна најдолго во клубот без прекини од самите негови почетоци. Како тренер во млади категории работам после завршувањето на мојата играчка кариера т.е. околу 7 години и секогаш верувам во успех што и да работам. Засега мојот предизвик се младинските категории, меѓутоа доколку клубот има потреба секако дека се гледам и како тренер во сениорскиот наш тим.

More from СпортMore posts in Спорт »