Press "Enter" to skip to content

Пораз на младинците на Еурофарм Пелистер од Битола во “Ф4“ во Лигата на шампиони во Германија

Еурофарм Пелистер- ГОГ Гудме 21:36 (12:17) – (младинци)

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер од Битола е поразен од пораз од ГОГ Гудме (21:36) во полуфиналето на Ф4-турнирот за млади во Лигата на шампионите, кој се игра во Германија.

Екипата на Фарух Мемиќ и Кире Марковски имаше егал само на стартот (4:4), а потоа со четири гола во серија, ГОГ замина на 4:8. Данците имаа и 7:12, па 8:14, а на полувреме заминаа со 12:17:

На стартот на вториот прптивникот на младинците на Еуеофарм Пелистер имаше двоцифрена разлика 13:23, а  тоа значеше и пораз за младите битолчани.

Најдобри стрелци кај “пелистерци“ беа Алем Хаџиќ и Карло Буторац стрелаа по четири пати.

Еурофарм Пелистер заради поразот ќе игра за третото место на младинскиот Ф4-турнир. Ривалот ќе биде познат по второто полуфинале, а дуелот е закажан утре (недела) од 9:00 часот исто така во Дормаген.

Еурофарм Пелистер до полуфиналето го победи романски Динамо Букурешт и полски Киелце.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »