Денес во 11 часот започнува препознатливата детска планинска трка “Пелистер Уникатен Траилко“, а ќе се одржи во зимско летниот-туристички рекреативен центар “Стрежево“ – Битола.
-Оваа година вклучивме уште една возрасна категорија од 13-14 години. Должината на патеката ќе се прилагоди според возрасните категории, од 200 метри за најмладите до 1.000 метри за најстарите учесници. Покрај спортскиот натпревар, ќе Ве забавува познат диџеј од Битола и нашиот неизбежен водител Марко Новески, познато лице од ТВ екранот. Ве очекуваме помотивирани од минатата година, твојата пелистерска мечка “Траилко“.











