Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер загуби од Барселона за трето место, најдобар стрелец на “Ф4“ Алем Хаџиќ

Еурофарм Пелистер – Барселона 28:55 (14:26)

Младинците на Еурофарм Пелистер од Битола убедиво загубија од Барселона во „малото финале“ на Лигата на шампионите со резултат 28:55, полувреме 14:26.

Младите “пелистерци“ добро почнаа, имаа 2:0, а потоа и до 3:1. Барселона направи серија од 4:0 по што фаворитот почна да гради предност. Во финишот на полувремето првпат Еурофарм Пелистер имаше двоцифрена негатива при 8:18, а на пауза се замина со 14:26. 

Исто беше и во вториот дел, “пелистерци“ снемаа сили за нештонповеќе. Ривалот знаеше како да го казни тоа, предноста растеше и растеше за на крајот да достигне и огромни 27 разлика. 

Најефикасни кај Пелистер Алем Хаџиќ со десет реализации, додека пет имаше Карло Буторац.

Признанието за најдобар стрелец оди на адреса на Еурофарм Пелистер, за Алем Хаџиќ  со 40 гола во натпреварите со Динамо Букурешт (12 гола), Киелце (14 гола), ГОГ Гудме (4 гола) и Барселона (10 гола).

More from СпортMore posts in Спорт »