-Детска “Trailko“ трка на живописната стаза на падините на Баба планина, Ниже поле, кај Битола, каде трчаа и се натпреваруваа “зајаци“, “срни“, “вервериции“, “лисици“ и “волци“.
-Деца распоредени во овие категории според возраст и пол кои на крај добија медали и се разладуваа со сладоледи на “Цермат“.
-Организаторите се погрижија за највисок степен на безбедност за сите учесници на трката, а “Стрежево“ наликуваше на Широк Сокак со многу рашетани битолчани.
Денес во зимско летниот туристички центар Ниже поле беше весело, но и возбудливо за оние деца и родители кои се натпреваруваа на Детската “Trailko“ трка која ја организира тимот на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ кое здружение ја потикнува и промовира љубовта кон спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот “PELXTR – Pelister Xtreme Trail Running“ од Битола, кое е член на “ITRA“.
Но покрај учесниците на детската трка имаше и голем број вљубеници на планината, спортот и уживаа во убавиот поглед кои се пружа кон планината.
Денес дечињата на третата по ред детската “Trailko“ трка, на ски-патеката “Ниже Поле“, трчаа по пријатено време, а ветрето беше најдоброто освежување покрај сладоледите на “Цермат“, во кои уживаа и повозрасните, секако покрај кафето.
Најмладите имаа одлични услови, какви може само да се посакаат на планина. Патеката за трка беше маркирана на ски-патеката кај летно-зимскиот центар Ниже Поле, со кој стопанисува ЈП “Стрежево“, а со цел прегледност на сите учесници и поголема безбедност на малите учесници.
-Најмладите наши сограѓани, во рамките на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ имаа ретка прилика, оваа година по трет пат, да се натпреваруваат во класична планинска трка. Оваа година имаше пет категории.
–Новина беше трката за рпдители “желки“ која привлече голем интерес, рече Ненад Лазиќ директор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“.
Родителите среќни, ги бодреа своите деца да издржат, на патеката која сепак е планинска и имаше и искачувања и удолнини, но и да се вратат на патеката по паѓањето на тревата односно да продолжат и да не се откажуваат лесно.
-Оваа година учествуваме на детската трка со со синот Коста. Се разбира дека најважно е да се учествува и да се издржи до крај, до целта. Со тоа се мотивираат децата на издржливост, упорност и да не се откажуваат во животот. Сепак најважно е ние како родители да ги насочуваме на љубов кон спорт, дисциплина и здрав начин на живот. Јас како родител се трудам да биде така, а покажав и со сопствен пример, ја истрчав патеката за “желки“ – родители, ни рече Ивана Карајанова.

Децата реагираа како деца. Некои низ солзи се запрашаа зошто не се прочитани кога се доделуваа наградиет, а родителите стрпливо им објаснуваа.
На крајот на трката сите учесници добија медал како сеќавање на трката, а беа доделени и уникатни награди за најбрзите три во нивните категории.
За најмалите, нивните родители и сите гости имаше музичка програма, уникатна атмосфера и дружење, игри за деца. Евент водител беше Марко Новевски кој цело време во свој стил ги бодреше учесниците и им даде храброст и поттик на најмалите и најмилите.
Целиот настан претставува поттик на децата од најмала возраст да спортуваат, трчаат, планинарат.
Жанета Ристевска
Фото: Сашо Ристевска











