Press "Enter" to skip to content

Во Битола прославени 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, “Идеја што не запира, вредности што носат промени” (фотогалерија)

Вечерва по повод 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, во античкиот град Хераклеја Линести во Битола се одржа прослава под насловот “Идеја што не запира, вредности што носат промени“, а на прославата зборуваше претседателот Христијан Мицковски кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, негов легитимен и идеолошки наследник.На прославата беа присутни сите членови на Извршниот комитет на партијата, пратеници, министри коалициони партнери, членоци на партијата од сите градови, симпатизери, граѓани…Присутен беше градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ – Олга Лоџановска, Силвана Ангелевска и Пеце Милевски, комплетното општинско раководство на партијата во Битола, советниците од позицијата во Советот на Општина Битола, директори, раководители…Во обраќањето по повод јубилејот – 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски напомена дека овој ден не е само празник, туку е и повик на одговорност, повик на надеж и заедништво.-ВМРО-ДПМНЕ е легитимен и идеолошки наследник на ВМРО. Она што оваа партија ја разликува од другите е нејзината непоколеблива вера во народот, во неговите вредности и во правдата како наш најсилен стожер. И затоа овие бели и мудри глави кои денес се заедно со нас, но и многумина кои веќе не се со нас, но чие дело го паметиме, ја потврдуваат историската грамадност на оваа организација која постела, постои и ќе продолжи да постои за нашата единствена и најголема кауза – Македонија, потенцира Мицкоски.ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка организација. Таа е жив дух, потекло и продолжение на македонската борба за слобода и правда, партија која стои на темели на храброст, достоинство, родољубие и чесност, партија во чии штабови и на чии настани се уште се живи приказните и се раскажува за жртвата на Христо Узунов, се поклонува пред делото на Гоце Делчев, се памтат херојските дела на Александро Турунџев, Ѓорче Петров, Никола Карев, рече Мицковски и додаде:-На овие темели градиме иднина. И затоа денеска, во ова време на надеж, ви велам – ВМРО-ДПМНЕ е светилникот што ја осветлува темнината која долго време ја покриваше нашата земја. Во растежот на партијата, во нашите порази и победи се вклучени многу наши браќа и сестри. И оние кои се наши истомисленици, но и оние кои размислувале различно, но сепак ги споделуваат нашите идеи и во чии срце е ВМРО, сакам да испратам благодарност за нивната преданост и нивната искрена желба за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ за многумина е партија, но и за многумина од нас е пред се идеја што не запира и вредности кои носат промени. Тие промени ја донесоа независноста, таа жед за своја држава донесе да учествуваат во создавањето на темелите на државата, кои многупати потоа беа силно разнишувани, разјадувани и уништувани. Но, ние не се откажавме зашто верувавме во нашата идеологија и зашто ја сакаме нашата татковина, нагласи партискиот лидер и премиер.-Нашата идеја не запира, нашата волја не се крши, најдоброто допрва доаѓа. Секој од овие чекори е дел од нашата стратегија за долгорочен развој. Нашата желба е секој граѓанин да осети подобрување во својот живот. Затоа и велам – тешко е сега, но нема да отстапиме, нема да се откажеме. Јас сум горд што сум дел од овој тим и оваа партија. Мојата лична приказна е приказна за човек кој никогаш не се предал, кој секогаш верувал во Македонија и нејзиниот народ, нагласи Мицковски.Во говорот Мицкоски им порача на функционерите кои ја водат државата и општините:-Не заборавајте кои сте, од каде дојдовте и кому му служите“. Воедно повика на искрена самокритика и совест кај секој член и функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Секој што мисли дека фотелјата е само лична придобивка, потенцира, нека размисли повторно. Секое отстпапување од вредностите кои ги застапуваме нема да остане неказнето или неприметено. И ниту еден од вас не е незаменлив, колку и да е близок до мене. Мора да знаете дека ниту една ваша функција, ниту една позиција не ви е сигурна и таму ќе бидете се додека служите и заедно работиме за народот.-Драги пријатели, знам колку тешко се живее во Македонија. Ги слушам вашите приказни, вашите грижи, вашите надежи. Затоа и велам дека оваа влада ќе продолжи да работи максимално, без одмор, без отстапки, до моментот кога секој човек ќе ја почувствува промената, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор во Битола.Во обраќањето премиерот истакна дека во секоја историска борба која трае со децении клучот за успехот лежи во единството и свесноста за одговорноста што ја носиме како наследници на нашата земја.-Не сме тука за да се бориме за фотелји или моќ, туку за да создадеме вистински вредности кои ќе останат засекогаш и ќе ги препознаваат идните генерации. Се сеќавам како после седумте години катастрофално владеење на ДУИ и СДСМ, кога нашите институции беа разнишани, корупцијата цветаше, а идентитетот и националниот интерес беа на удар, многумина помислија дека нема спас за Македонија. Но токму тогаш, во најтешките моменти, ние одлучивме да преземеме одговорност и да покажеме дека има надеж. Ние не сме партија која ветува празни зборови. Нашите дела се најсилната порака. Во првата година од оваа влада, успеавме да го стабилизираме економскиот раст – четврти највисок во Европа. Но тоа не е доволно. Народот го чувствува товарот од минатото и сè уште очекува промени кои ќе ги подобрат животите.-Би сакал во оваа прилика да ми биде дозволено да им се поклонам на нашите основачи, на сите борци за ВМРО, на сите кои воздивнуваат и треперат при секој предизвик на нашата партија, и се подметнуваат и искрено се радуваат и втемелуваат во секој успех. На сите вас, на сите кои од 90-та до денеска се вградиле во оваа партија, во ова движење, во оваа енергија, која ја носеше и канализираше мислата и идејата за слободна, демократска и независна Македонија, со свој идентитет и стремеж, да биде горда членка на европското и евроатланското семејство.-Ние не сме тука по случајност. Тука сме затоа што идејата за Македонија, како суверена, достоинствена и праведна држава, не умира. ВМРО-ДПМНЕ не е само партија. Тоа е движење, вредност, идеологија, љубов. Тоа е макотрпното градење на домот на секој македонски човек.-Им благодарам на синовите на ВМРО кои не не изневерија, ни кога беше најтешко. И на сите вас. На секој кој и без ништо, без да бара сатисфакција — гласаше, се бореше, веруваше, затоа што нема поголема сатисфакција од тоа да знаеш дека една идеја, твојата идеја живее и не запира, рече Мицковски.-Понекогаш, кога одам назад до моето старо маало. И гледам: не се сменило многу. Само што тогаш зборувавме за соништата, а денес зборуваме и работиме на план како ќе ги оствариме. Ќе успееме. Не заради нас, туку заради децата наши. За нив, и за секој човек кој верува дека Македонија е местото каде што сонувањето има смисла. Да живее Македонија!Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Идеја што не запира. Вредности кои носат промени. Сега е времето за Македонија кое доаѓа!, рече за крај на прославата претседателот Христијан Мицковски.Во уметничкиот дел настапи Камерниот оркестар на Битола, групата “Меморија“, Полина, Сузана Спасовска и Мишко Крстевски.Претседателот Мицковски во Битола беше од вчера, а посети неколку објекти кои се во изградба, меѓу кои и влезот од страната на Прилеп, и ја најави реконтрукцијатата на поранешното кино “Партизан“.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »