Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола и голманот Филип Ивиќ постигнаа спогодбен договор за прекин на соработката, една година пред истекот на договорот.
Хрватскиот голман минатото лето пристигна во Битола од Шамбери, настапуваше во Лигата на шампионите и го освои трофејот од шампионатот на Македонија.
Од клубот му се заблагодарија на Филип Ивиќ за професионалниот пристап и за придонесот во успешната сезона, посакувајќи му голем успех во натамошните предизвици.










