Press "Enter" to skip to content

Марјан Секуловски, координатор на школата на ФК Пелистер од Битола: да бидеме фабрика за фудбалери за првиот тим

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола после реорганизацијата на организацијата на клубот денес на прес-конференција го претстави новиот координатор на школата на Пелистер,  Марјан Секуловски, кој зборуваше за неговите водувања за школата од Битола која е позната  и пошироко и од која излегле голем број на првотимци и репрезентативци. 

Во своето обраќање Секуловски истакна дека школата треба да биде фабрика за фудбалери, која ќе го сервисира сениорскиот тим, а за тоа како дојде оваа сорабоотка со клубот тој рече:-Не го очекував овој предизвик, но го прифатив бидејќи верувам во континуитет на работа. ФК Пелистер постои од 1945 година и секој кој бил дел од клубот се вградил во него. Ние кои сме сега тука мора да дадеме максимални напори работите кои биле на добро ниво да ги подигнеме, а работите кои не биле на високо ниво да ги донесеме на потребното ниво. Предизвикот е голем, одговорноста е голема. Пионерско младинската школа на Пелистер сега има 340 деца од кои 120 се натпреварувачи во Супер лига и 220 распоредени по категории. Тоа се 13 генерации, 13 тимови, а мојата задача е да ги координирам сите активности. Нема да биде лесно, свесен сум за тоа, се надевам дека ќе ја оправдам довербата. 

За тренерскиот кадар во Школата, Секуловски рече:

-Веднаш по именувањето одржав состанок со тренерите кои работат во школата на кој им го изнесов мојот план за работа, идеите, програмата, принципи. Тренерите ги доставуваат извештаите за работа од минатата сезона, а за персонални решенија ќе разговараме идната седмица, кога е имаме детална слика за секој тренер, а потоа ќе ги видам нивните видувања.Натпреварувачките генерации започнуваат со работа на 7 јули, а на 14 јули започнуваат генерациите кои играат во регионална лига, а децата кои се детската лига си работаат без прекин.

За организацијата на Школата, Секуловски, рече:

-Ние сме погон на ФК Пелистер кој ќе работи со идеја да извадиме готов производ за сенирката екипа, а доколку тоа го направиме јас би бил пресреќен, од едноставна причина што добро знам, како тренер на сениорскиот клуб, младите кои доаѓаа во првиот тим со какви квалитети и недостатоци доаѓаа во тимот. Се надевам дека недостатоци ќе има се помалку и кога ќе дадеме играч за прва лига тој да биде блиску до готов производ. Ќе се работи по познати светски методи по принцип на вештини. Од 6 до 14 години децата да бидат оспособени по “кербер“ систем со технички квалитети иако тоа бара ногу работа. Во натпреварувачките генерации ќе се работи по “верхаим“ модел, како во европските младински клубови. Што се однесува пак до тренерите, моја идеја во натпреварувачките генерации да бидат професионалци, кои ќе бидат достапни 24 часа, за повеќе тренинзи. Во последниот период тренерите работеа како тренери во сениорскатаекипа, без работа претпладне и попладне, имаше работа во една група. Во школата треба да има работа за напредок на младите фудбалери.

За работата на младите фудбалери Секуловски додава:

-Има два пристапа, едниот пристап е резултат по секоја цена, другиот пристап е создавање на фудбалери, а не резултати по секоја цена. Јас школата ја замислувам како фабрика која треба да произведува фудбалери. Тренерите кои работат во школите нема да имаат притисок за резултат, туку за создавање на квалитетни играчи кои ќе можеме да ги понудиме на сениорската екипа. Да, резултатото е битен од неколку фактори, за мотивација, за создавање победнички металитет, но да повторам не по секоја цена. Младинците од 2007 година има 10 фудбалњри, а во останатите има помалку, и затоа ќе има стратегии и за генерациите. Но секој млад фудбалњр кој ќе покаже дека има има квалитет за напредок во повозрасне генерација тоа ќе биде направено, но сето тоа по критериум и субјективна одлука, туку врз анализа и определени критериуми. Идејата и да создадеме играчи, со профил  со сите параметри, физички, технички, психолошки, и да се следи напредокот. Ќе има и регостар на фудбалери по позиции, во пет-шест генерации да очекуваме добар фудбалер. За се ќе ни треба време, стрпливост, поддршка. Најголем успех за секој тренер е да го гледа играчот кој го тренирал како млад, да игра во првиот тим од трибина и да каже ова е “мој играч“.За инфрастуктурата, терените Секуловски рече:

-Имав средби со тренрите и со сите генерации на школата, и секогаш на средбите со родителите се развовара за терените и термините. Имаме помошно игралиште со вештачка трева “Кумурно“, на кое тренираат 13 генерации на ФК Пелистер, четири приватни школи и два женски прволигашки клубови и спортската академија. Ги организираме и деталите околу инфраструктурата и терените и верувам дека ќе потпишеме меморандум за соработка со сите фудбалски школи и двата женски клуба и дека добро ќе ги распоредиме термините на терените кои ги имаме на располагање, и ќе имаме беспрекорна соработка. Тешко е да се најдат доволно термини за сите генерации но ќе се потрудиме вистинското решение. Ни останува како алтернатива “малото игралиште“, каде мораме да имаме соработка со првиот тим. Јас би сакал тоа да е само за школата. Ќе користиме терени во околината, но ќе мораме да најдема алтернативен терен за две генерации, да тренираме на цел терен, а не како досега на четврина или половина. Половина терен ќе биде максимално што момеже да обезбедиме за секоја генерација.

За Марјан Секуловски, 52 годишниот битолчанец, ова е нова улога во фудбалот, откако претходно како тренер имаше долгогодишна кариера од 2001 година.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »