Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер од Битола утре ќе ги дознае своите седум противници во групната фаза на Лигата на шампионите.
Ждрепката е закажана за утре, пето, 27 јуни во 15 часот во седиштето на ЕФХ во Виена, а Еурофарм Пелистер ќе биде достојно репрезентиран на ЕХФ гала свеченоста.
Шешири пред ждрепката во Лигата на шампионите:
Шешир 1: Фуксе Берлин, Барса, ПСЖ, Алборг, Висла Плоцк, Веспрем.
Шешир 2: Магдебург, Нант, ГОГ Гудме, Киелце, ПИК Сегед.
Шешир 3: Еурофарм Пелистер, Спортинг Лисабон, Загреб, Колстад, Динамо Букурешт
Веднаш по ждрепката ќе биде одреден и календарот за групната фаза, а ќе биде прогласен и најкорисниот ракометар за сезоната 2024/25.










