Денес во Виена во седиштето на ЕХФ беше одржана жребката за претстојната сезона во Лигата на шампионите 2025/2026 година, а екипата на Еурофарм Пелистер од Битола ќе игра во “Б“ групата. Во оваа група битолчани ќе играат заедно со екипите на Висла Плок, Барселона, ПСЖ, ГОГ Гудме, Магдебург, ПИК Сегед и Загреб.
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер трета сезона во низа ќе настапува во Лигата на ракометните шампиони, а и оваа сезона како изминатата во групаната фаза влегува по добивање на “вајлд-карта“ за елитното европско натпреварување.
Распоредот е направен преку бергеровиот систем, а според него Еурофарм Пелистер на стартот би тргнал на домашен паркет против ПСЖ, а потоа му следува гостување во Барселона, па домашен меч со ГОГ и гостување во Висла…
Првичен распоред за македонскиот првак во ЛШ:
1. коло: Еурофарм Пелистер – ПСЖ (10/11 септември 2025)
2. коло: Барселона – Еурофарм Пелистер (17/18 септември 2025)
3. коло: Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме (24/25 септември 2025)
4. коло: Висла Плок – Еурофарм Пелистер (08/09 октомври 2025)
5. коло: Еурофарм Пелистер – Загреб (15/16 октомври 2025)
6. коло: Магдебург – Еурофарм Пелистер (22/23 октомври 2025)
7. коло: Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед (12/13 ноември 2025)
8. коло: ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер (19/20 ноември 2025)
9. коло: Еурофарм Пелистер – Магдебург (26/27 ноември 2025)
10. коло: Загреб – Еурофарм Пелистер (03/04 декември 2025)
11. коло: Еурофарм Пелистер – Висла Плок (18/19 февруари 2026)
12. коло: ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер (25/26 февруари 2026)
13. коло: Еурофарм Пелистер – Барселона (04/05 март 2026)
14. коло: ПСЖ – Еурофарм Пелистер (11/12 март 2026)
Осминафинале:
01/02 април и 08/09 април 2026
Четвртфинале:
29/30 април и 6/7 мај 2026
„Фајнал-фор“:
13 и 14 јуни 2026
Инаку, Европската ракометна федерација – ЕХФ во наредните денови треба да го креира официјалниот распоред, а обично во него има промени поради телевизиските права, дерби натпреварите и слично.











