-Пелистер Волеј не се само одбојкарки. Тие се храброст, страст, борба и гордост за нашиот град. Девојки кои со срце играат за Битола, кои секојдневно го рушат митот дека спортот е само машка арена, напиша на својот официјален ФБ профил, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, по стедбата со престедателот на Пелистрер Волеј, Александар Темелковски, и тренерите Роберт Митковски и Владимит Трифуновски.
На средбата која се одржа во кабинетот на градоначалникот присуствуваше и заменик градоначалникот на Битола, Бојан Бојковски.
-Затоа, ќе предложам до Советот на Општина Битола двегодишен договор за финансиска поддршка на клубот, со 2 милиони денари по сезона. Ова не е само инвестиција во спортот, ова е инвестиција во вредностите на младите, во иднината на Битола вели Коњановски и додаде.
-Кога поддржуваме девојки што сонуваат, ја градиме Битола што инспирира! Срцето на Битола чука и на одбојкарските терени!
-Она што долго го најавувавме како визија која се темели на издржани успеси и план за идно функционирање на клубот, кон кое се обединија голем број на компании од нашиот град, денес добивме подршка и од страна на градоначалникот Тони Коњановски и Општина Битола како долгогодишни поддржувачи на спортот во Битола. Во делот на финансиската конструкција предвидено е Пелистер Волеј да учествува со најмалку 4-5 милиони денари годишно, додека Општина Битола во наредните две сезони да учествува со помош од 2 милиони денари. Битола заслужува модерна одбојка, а убави вести ќе има и во наредните денови, порачаа од Пелистер Волеј, по средбата кај градоначалникот.










